Поради временски услови не работиме, Се извинуваме
klikni jadi logo

Кетеринг за Фирми

Препуштете на нас да се погрижиме за снабдување со храна во вашата компанија и фокусирајте се на важните работи.

Би ни претставувало задоволство да соработуваме со вашата компанија и секојдневно да ве снабдуваме со интересни специјалитети од различни ресторани.

Моментално имаме на располагање 23 рестрорани, во преговори сме со уште десетина па се надеваме дека разновидноста на храната која ја нудиме набрзо ќе се зголеми.

Опис:

  • За секојдневно нарачување ќе добиете попуст, во зависност од буџетот кој ви е предвиден за прехрана по лице, сумата на нарачката и ресторанот кој ќе го одберете.
  • Периодично плаќање на фактура на 15 дена за почеток, или кога сумата ќе помине 30 000ден

Наш предлог за соработка се следниве опции

Опција 1

Секоја недела да ви подготвуваме дневно мени од еден ресторан, со 3 опции. Ова ќе вклучува пример: 3 различни главни јадења, 3 различни салати и 3 десерти. Би можеле да се договориме за одреден број на порции секој ден или пак вие, еден ден однапред (или ако може и порано) да не информирате колку порции од кое јадење ви се потребни наредниот ден. Ние во соработка со рестораните ќе ви понудиме мениа, една недела однапред и ќе ви ги испратиме за да ги одобрите. Секако ќе има можност да ги промените се додека не најдеме нешто соодветно за вашите потреби.

Сумирано:

  • Предноста на ваков тип на нарачување е од економски аспект, кога се спремаат поголеми количини од исто јадење, се оптимизира трудот и состојките кои се користат за припрема на храната.
  • Одговорноста за изработување на мениата ја преземаме ние, што на вас ќе ви заштеди труд и време.
  • Секој ден од неделата ќе служиме јадења од различен ресторан за да бидеме сигурни дека храната ќе биде разновидна и нема да стане монотона.
  • Ќе имате можност да одлучите буџет по лице, и ние ќе ги креираме јадењата во зависност од она што вие сте го предвиделе.

Опција 2

Ние ви препорачуваме ресторани од кои ќе можете сами да да си креирате мени. Ние ќе ви испратиме Excel документ со шаблон каде вие самите ќе си креирате мени за секој ден со пример: 3 различни, главни јадења, предјадења/салати и десерт. Предуслов ќе биде да нарачувате од ист ресторан за секој ден посебно.

Сумирано:

  • Од економски аспект, кога се спремаат поголеми количини од исто јадење, се оптимизира трудот и состојките кои се користат за припрема на храната.
  • Повеќе флексибилност во нарачувањето.
  • Попустот ќе биде калкулиран врз основа на сумата на нарачката и ресторанот.
  • Поголема одговорност за вас да креирате мениа и калкулирате буџет.

Опција 3

Доколку вие би нарачале што сакате од кој било ресторан на сајтот секојдневно, би имало многу негативности. Тоа е најкомплексниот начин за соработка, но нуди максимална слобода во нарачувањето. Се нарачува нормално преку сајтот.

Сумирано

  • Економски ќе биде најнесиплатливо бидејки ќе добиете помал попуст при нарачка од различни ресторани.
  • Ќе биде потребно подолго време да се испорача храната, при што ќе настане ризик дека храната ќе изгуби дел од топлината.
  • Ризик дека ќе нема доволна количина  од некое јадење во ресторанот и при тоа ќе дојде до загуба на време во комуникација со вас и ресторанот за да се најде замена.

Покрај овие начини на соработка можете слободно да додадете ваш предлог како би се одвивал процесот на нарачување.

За било какви прашања ве молам да се обратите преку имејл или телфонски.

Ве очекуваме - тимот на Кликни Јади

Лидија Димова
Директор & Сопственик
+389 70 50 30 47
info@klknijadi.mk
www.KlikniJadi.mk

Затвори
Затвори